Анкетен прашалник

За концептот на екосистеми и екосистемски услуги беше направен и анкетен прашалник кој беше спроведен на група испитаници во 40 примероци.

Од анализата на спроведенара анкета се констатираше дека е многу важно локалната заедница заедно со управувачот на заштитеното подрачје како субјект кој треба да обезбеди одржливост на екосистемите и бенефит за природата и луѓето треба да бидат иновативни и да започнат што побргу да го користат концептот на екосистемски услуги и да се стремат кон креирање на решенија и мерки кои би биле во прилог на еднаквост во зачувување на природата и социјалната благосостојба.

Па така, со споредба на резултатите од перцепцијата на локалното население, можат да се дизајнираат посеопфатни мерки за поголем развој на концентот на екосистемски услуги од кој бенефит би имале сите.