Апел за употреба на платнени торби

Одличен пример!

Уште пред 20 години фирмата „ЕМЕРЕД” се залагала за заштита на животната средина со изработка на платнени торби, кои имале голем бенефит за животната средина, бидејќи со нивното користење може да се намали користењето на пластични кеси и се намалува нивото на загадување со пластика. Ваквиот вид на загадување прави големи штети на животната средина и здравјето на граѓаните. Зошто е важно да се следи овој пример? Важно е бидејќи според голем број на истражувања луѓето конзумираат значителни количини на микропластика кои предизвикуваат различни болести како’ чир на стомак,канцер, анемија и многу други.Затоа мораме сите заедно да превземеме чекор следејќи го овој пример.Апелираме до локалните маркети да почнат да им нудат на граѓаните, а граѓаните да ги користат повеќекратно платнените кеси со цел почеток на намалување на загадувањето со пластичните кеси.За почиста животна средина и поздрави граѓани!