Извршниот одбор на здружението за екологија и унапредување на културата и спортот Зеукс Тритон на втората седница донесе документ за внатрешна антикорупциска култура, политика и процедури. Овој документ е дел од константната помош за зајакнувањето на капацитети на нашето здружение од страна на фондацијата НВО Инфоцентар од Скопје.
ДОКУМЕНТ ЗА ВНАТРЕШНА АНТИКОРУПЦИСКА КУЛТУРА, ПОЛИТИКА И ПРОЦЕДУРИ
• Здружението за екологија и унапредување на културата и спортот Зеукстритон ги следи националните антикорупциски закони и прописи, како и правилата и прописите на своите донатори (доколку се во согласност со националните закони и регулативи).
• Здружението за екологија и унапредување на културата и спортот Зеукстритон ја спречува корупцијата преку систематско следење и оценување на ризиците од корупција во својата работа.
• Здружението за екологија и унапредување на културата и спортот Зеукстритон има нулта толеранција за корупција во сите нејзини облици. На членовите на одборот и персоналот им е забрането да се вклучат во коруптивни активности, како во нивната работа, така и во нивниот приватен живот. Неуспехот тоа да се почитува ќе резултира со дисциплински мерки, вклучувајќи ја и можноста за престанок на работниот однос, работниот ангажман, членството во здружението.
• Здружението за екологија и унапредување на културата и спортот Зеукстритон односно неговите претставници и персоналот се посветени да останат одговорни и транспарентни, да ги следат формалните процедури и да ги заштитат доверените средства.
• Обврска на секој које е предмет на оваа антикорупциска политика, е да ги изнесе сите прашања, сомнежи или грижи до надлежните институции на РСМ.
• Здружението за екологија и унапредување на културата и спортот Зеукстритон гарантира дека секој кој е предмет на овие антикорупциски принципи ги разбира последиците од прекршувањето на антикорупциската политиката, како и должноста да ги пријави сите сомнежи за корупција за кои се смета дека ја прекршуваат оваа политика.
• Здружението за екологија и унапредување на културата и спортот Зеукстритон се обврзува да користи транспарентни, прецизни и јасни процедури, документи, мониторинг и контроли за да избегне секаков вид корупција во својата работа.
• Здружението за екологија и унапредување на културата и спортот Зеукстритон гарантира дека секоја ветена, дадена или примена репрезентација (или подарок) е скромна, се случува во стандардна деловна рамка и е усогласена со регулативите на донаторите. Репрезентацијата и подароците никогаш не смеат да го компромитираат интегритетот, неутралноста, политиките и вредностите на здружението или на друг начин да вршат или да се обидуваат да извршат несоодветно влијание врз која било страна.
• На раководството на здружението и персоналот им е забрането да ветуваат, нудат, даваат, бараат или прифаќаат лични подароци или репрезентација кои претставуваат повеќе од симболична вредност, за или од заинтересирани лица, донатори, партнери, добавувачи, власти или други заинтересирани страни. Секакви подароци што претставуваат обид да се изврши несоодветно влијание врз кој било во Здружението или врз засегнати страни се строго забранети. Сите парични подароци се строго забранети.
• Строго се забранува ветување, нудење, давање, барање или прифаќање репрезентација и подароци за персоналот вклучен во процесот на набавка. Корупцијата е злоупотреба на доверената моќ за приватна корист.
• Ако не е можно член од персоналот да одбие подарок на начин што не ја загрозува работата на здружението или нејзиното/неговото здравје или безбедност, тогаш подарокот може да се прими, но мора да се пријави и да му се предаде на раководството и да стане сопственост на здружението. Секој таков подарок мора да се употребува соодветно и во корист на здружението, неговите проекти и/или неговите корисници.
• Здружението за екологија и унапредување на културата и спортот Зеукстритон ќе го заштити персоналот од притисоци за прекршување на оваа политика и ќе се погрижи непроверена дискреција никогаш да не биде доделена на ниту еден член на персоналот.
• Се што не е опфатено со овој документ, а сепак поттикнува сомнеж за коруптивно однесување, секој член од персоналот и раководството на здружението треба да го пријави до надлежните институции на РСМ .