Формирање на еко-патрола

Здружението за екологија и унапредување на културата и спортот Зеукстритон донесе одлука за формирање на еко патрола во рамките на здружението.

Еко-патролата има за цел активно да ги вклучи сите категории на граѓани во општествените текови на територијата на нашата општина и да овозможи преку личен ангажман полесно да ги пријават и решат еколошките проблеми од нивната околина и зголемување на свеста кај сите граѓани преку едукација и создавање на услови со крајна цел нашата општина да го започне процесот на селектирање и рециклирање на отпадот.

Активностите на еко-патролата ќе бидат теренска работа, работа во мали и големи групи, едукација на населението преку инерактивни презентации, организирање на еко акции, зголемување на концентрацијата и мотивацијата на членовите на еко патролата за привлекување на нови, превентивно и едукативно да ги анимира граѓаните на масовно и позитивно учество во програма за поубава и поздрава животна средина, прибирање на информации за работата на комуналното претпријатие и предлагање на измени доколку е потребно, мапирање на мали и големи диви депонии, водење на регистар за работата на еко патролата и други работи кои се поврзани со заштитата на животната средина.

Стани и ти член на оваа еко патрола со потполнување на формуларот и придонеси за почиста животна средина

https://docs.google.com/forms/d/12XPzGps26yLEfE8Nhi9JLfes_kp85SsRFEi2GyMYGJE/viewform?edit_requested=true&fbclid=IwAR0MGgaYCvVadSdK-qg8O5c2o5IEmAGgtAMP4tx5E3GU0r5RlMFHSltF-zI