Локалниот младински совет од Општина Маврово и Ростуше, заедно со здружението за екологија и унапредување на културата и спортот Зеукстритон од с. Ростуше започнува иницијатива за помош на учениците од социјално ранливите категории од Општина Маврово и Ростуше. Целта на оваа иницијатива е децата од оваа категорија на семејства да добијат соодветна техничка опрема за следење на онлајн наставата.
Потребата за помош од техничка опрема на учениците е повеќе од неопходна и сметаме дека треба да се помогне на овие деца, за да можат активно да учествуваат во образовниот процес. До сите правни субјекти и институции на територијата на Општина Маврово и Ростуше беа доставени барања за помош.
Во периодот од април до јуни позитивно одговорија неколку институции и правни субјекти и тоа: Ресорт Маврово кој додели 9 таблети на училиштето Денче Дејановски од Маврови Анови, Национален парк Маврово додели 4 таблети на училиштетото Хајан Селмани од Ростуше и Членовите на локалниот младински совет при Општина Маврово и Ростуше доделија 1 таблет на училиштето Јосип Броз Тито од Жировница.
Голема благодарност до сите кои се приклучија на оваа иницијатива и успешно заврши и се доделија вкупно 14 таблети на три основни училишта од Маврово и Ростуше.