Локална иницијатива за уредување на просторот околу старата болница во Ростуше

Здружението покрена иницијатива за уредување на просторот околу старата болница во с.Ростуше која е дел од културно наследство на Република Северна Македонија со поставување на два дијарами односно поставување на стакло во дрвена рамка со 3Д цртеж од старата болница вклучувајќи го и кровот кој моментално е срушен.

Целта на оваа локална иницијатива има за цел да го прикаже културното значење на овој објект и истовремено да ги поттикне локалното население и надлежните институции да водат поголема грижа за културните објекти во нашата општина.

Со оваа иницијатива се уреди надворешниот простор на болницата каде беа ископани и транспортирани околу 20 кубика земја, организирана еко-акција за чистење на просторот, поставени дрвени столбови на кои стојат дијарамите, два дијарами, изложба на фотографии од поранешниот изглед и промо видео кое ги прикажува горенаведените активности и со цел да ги поттикне граѓаните активно да се вклучат во зачувувањето на културните објекти во нашата општина.

Болница во моментов се наоѓа во многу лоша состојба и во неа е забрането да се влегува.

Оваа иницијатива финансиски и материјално беше поддржана од Центарот за современи уметности од Скопје во рамки на проектот “Креативни заедници- локални културни иницијативи во заедниците” финансиран од Институтот отворено општество Македонија, Општина Маврово и Ростуше и Национален Парк Маврово.

Линк до видеото: https://youtu.be/LQJNMng3x40