Здружението Зеукс Тритон, со поддршка од НВО Инфоцентарот преку проектот „Активни граѓани за партиципативна локална демократија“, спроведе мапирање на дивите депонии во Долнореканскиот крај, дел од Националниот парк Маврово.
Во само 11 села во општината Маврово и Ростуше, со помош на локалното население,беа лоцирани 42 диви депонии.
Акцијата ја поддржа и Јавното претпријатие Национален парк „Маврово“ , кој обезбеди техничката опрема – дрон при снимањето.
Ова не е критика, само воочување на проблемот кој постои веќе половина век. Ова мора да се реши што е можно побрзо. Затоа апелираме до институциите да изработат план за расчистување на дивите депонии, а на граѓаните ги повикуваме активно да се вклучат во превенција против создавање на други. За подобра животна средина за нас и за тие кои што доаѓаат по нас.
Проблемот со дивите депонии во долнореканскиот регион постои скоро половина век. Па за тоа редно е веќе да се реши. Се надеваме дека со оваа граѓанска иницијатива ќе ги поттикнеме институциите и граѓаните активно да се вклучат во решавањето на овој проблем.
На вчерашната дискусија, по проекцијата на видео, во организација на активистите од Зеукс Тритон со претставници од општината, националниот Парк и јавното комунално претпријатие „Маврово“ беа сублимирани неколку предлози за решавање на проблемот со дивите депонии на територијата на општината Маврово и Ростуше. Како најзначајни се издвојуваат: заеднички пристап кон проблемот, зајакнато теренско присуство, зголемување на казните за фрлен отпад, оформување на тело кое ќе врши надзор на работата на комуналните редари, како и на одделението за урбанизам и комунални дејности
Да ја зачуваме животната средина за нас и генерациите кои ќе доаѓаат по нас,бидејќи алтернативна земја за живеење немаме.
Линк до видеото: https://www.youtube.com/watch?v=COpKJ1cu9Fk