На ден 08.10.2018 година претседателот на здружението за екологија и унапредување на културата и спортот ЗЕУКСТРИТОН – Кемил Исметовиќ, потпиша меморандум за соработка со градоначалникот на Општина Маврово Ростуше, г-дин Медат Куртоски.
Целта на потпишувањето на овој Меморандум за соработка е воспоставување на соработка на полето на екологијата, културата и спортот помеѓу општината и Здружението.
Соработката подразбира изработување на проекти и давање поддршка за нивна реализација.