Минатата недела се одржа округлата маса на тема „Младите за Маврово – простори и можности за еко иницијативи“. На оваа дискусија која поради Ковид-19 пандемијата се одржа на платформата Zoom, учество земаа над 20 млади од општината кои ги споделија своите идеи и размислувања за обнова и креирање на простор за културен раст и развој на младите од регионот. Како место кое може да ги задоволи потребите на младите беше идентификуван Домот на култура и исто така бе идентификувани и потребен буџет за обнова и пристап на младите до оваа локација. Оваа работилница се одржа во рамки на проектот Младите за Маврово поддржан од Civica Mobilitas.
„Младите за Маврово – простори и можности за еко иницијативи“
