Обука за поголема видливост и успешни европски проекти

НВО Инфоцентарот, на 26 и 27 октомври 2019, во Велес организира дводневна обука за поголема видливост и успешни европски проекти. Дваесетина граѓански активисти од десет граѓански организации од Крива Паланка, Теарце, Ростуше, Неготино и Кавадарци (Спектар, Цик-Цак, Норгес Вел, ЦЕД, Скаут, ЗЕУКС Тритон, Рекански бисер, СПО КУЛ, Еко Живот и Проект ЕУ), ќе се запознаат со вештините и алатките за поголема видливост и влијание во интернет просторот и во јавноста, како и со подготовката на успешни проектни апликации и буџети за европските фондови.На граѓанските активисти, тајните на занаетот, ќе им ги пренесат искусните обучувачи Александар Василевски од Експресив Графикс, Зоран Стојковски од Проефект и Јасна Дуриданска.Оваа обука се реализира во рамки на проектот „Активни граѓани и пратиципативна демократија на локално ниво“, поддржан од меѓународниот центар Улоф Палме од Шведска.