Во рамките на проектот на листата на приоритети беше ставено и подигнувањето на јавната свест и едукацијата на заинтересираните страни како и локалното население.
Информативните и едукативните активности беа во насока на зачувувањето и одржливото користење на природните ресурси од предметното подрачје. За оваа цел беа организирани и спроведени три едукативни работилници со физичко присуство и онлајн на претставници од засегнатите страни и локалното население. На обуките преку презентација и интерактивна работа беше истакнато значењето на екосистемите и екосистмеските услуги.
Потребата од интегрирањето на концептот на екосистемските услуги уште повеќе ја покажува и докажува неговата вредност и итност од интензивирање на неговата примена се со цел одржливо користење на природните ресурси и истовремено гарантирајќи долгорочно благосостојбата која може да ја имаат локалните заедници.
Проектот „Екосистемски услуги во околината на село Велебрдо како дел од Националниот парк Маврово и јакнење на капацитетите на локалното население за значењето на екосистемските услуги„ е овозможен со финансиски средства од Министерството за животна средина и просторно планирање од Програмата за инвестирање во животната средина за 2021 година.