НВО Инфоцентарот, во соработка со ЗЕУКС Тритон, им донираше канти за ѓубре на 11 месни заедници во општината Маврово и Ростуше, во рамки на граѓанската акција за мапирање на дивите депонии во Долнореканскиот крај, како дел од проектот „Ативни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“, поддржан од меѓународниот центар Улоф Палме. Активистите на Тритон и претставници од месните заедници, деновиве ги поставија кантите на најфреквентните места во Скудриње, Присојница, Јанче, Аџиевци, Ростуше, Велебрдо, Битуше, Требиште, Видуше, Жировница и Врбјане.