Проекти
Диви депонии во Долнореканскиот крај - Општина Маврово и Ростуше
Во Долнореканскиот крај, со само 11 населени места, откривме дури 42 диви депонии! Благодарност до жителите од селата Ростуше, Велебрдо, Битуше, Требиште, Видуше, Жировница, Врбјане, Јанче, Аџиевци, Присојница и Скудриње кои ни помогнаа да ги лоцираме дивите депонии. Благодарност до ЈП Национален парк „Маврово“ за техничката поддршка при снимањето. Видеото е дел од проектот „Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“ финансиран од Меѓународниот центар Улоф Палме, поддржан од Шведската Влада. Содржината на ова видео е одговорност на Зеукс Тритон и на НВО Инфоцентарот, и не ги одразува ставовите на Меѓународниот центар Улоф Палме и на Шведската Влада.
Младите за Mаврово
Маврово Ростушe е Oпштина позната по голем процент на емиграција на младото население кое не наоѓајќи можнoсти за работа во родниот крај заминува во странство. Проектот цели да го задржи вниманието на младите од регионот кон можностите за развој на бизниси и иновативни решенија кои ќе го развијат еко туризмот а воедно ќе им помогнат на младите да го откријат својот потенцијал и потенцијалот на родниот крај. Најпрвин, проектот се стреми да ја подобри туристичката понуда имајќи ги предвид надлежностите на општината и да го стимулира локалниот развој преку анганжман на младите во еко туризам и спорт, создавајќи нови можности за нив. Проектот ги разви вештините на локалните млади зголемувајќи ги нивните шанси за вработување во регионот. Локалниот развој преку туризам и спорт е важен за градење вештини на локалните заедници релевантни за животната средина и локалниот контекст. Проектот е поддржан и финансиран од Цивика Мобилитас – Скопје
