Работилница за изработка на стратегија за соработка помеѓу граѓанскиот сектор и Општина Маврово и Ростуше

На 16.03.2022 претставници на здружението Зеукстритон присуствуваа на третата работилница од активноста на област 4 која гласи „зголемување на соработката помеѓу граѓанските организации и локалната самоуправа„ организирана од здружението за локален и рурален развој.

На работилницата беа присутни претставници на инситуции, други локални организации и засегнати страни и се разговараше за клучните поенти на каков начин да се зголеми соработката помеѓу организациите, локалните здруженија и засегнатите страни и исто така се направи и свот анализа.

Претставниците на нашето здружение активно учествуваа во дебатата и благодарни сме што секоја напомената работа е внесена во документацијата која на крај на проектот треба да се достави како стратегија до Советот на Општина Маврово и Ростуше и се надеваме на нејзино гласање и постапување по неа се со цел граѓаните да имаат бенефит од истата.

Како клучни поенти од оваа средба произлегоа следните:

  1. ЗГОЛЕМЕНО НИВО НА ДОСТАПНОСТ И ИНФОРМИРАНОСТ ЗА ЈАВНИТЕ РЕСУРСИ
  2. ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ОБУКИ ЗА ИНФОРМИРАНОСТ ЗА МОЖНОССТИТЕ КОИ ГИ НУДИ НАЦИОНАЛНИОТ ПАРК
  3. ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ОБУКИ ЗА ПРАВИЛНО СОБИРАЊЕ НА ДИВИ ПЛОДОВИ
  4. СИГУРЕН ПЛАСМАН ЗА ОДДРЖЛИВО СОБИРАЊЕ
  5. ЗАДДРШКА НА МЛАДОТО НАСЕЛЕНИЕ СО ОТВАРАЊЕ  НА РАБОТНИ МЕСТА ВО ОБЛАСТА НА ТУРИЗМИОТ И ЛОКАЛНИОТ РАЗВОЈ
  6. ОПШТИНАТА ДА БИДЕ ВО СОСТОЈБА ДА ГИ ФИНАНСИРА ПРОГРАМСИКТЕ АКТИВНОСТИ НА ОРГАНИЗАЦИИТЕ
  7. ВКЛУЧУВАЊЕ И МОТИВИРАЊЕ НА ЛОКАЛНОТО НАСЕЛЕНИЕ ЗА ПРАШАЊА ОД ЛОКАЛЕН ИНТЕРЕС
  8. ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА СОРАБОТКА МЕЃУ ЗАСЕГНАТИТЕ СТРАНИ

Свот анализата се состоеше од 4 клучни прашања и тоа:

ЈАКИ СТРАНИ
1.ГЕОГРАФСКАТА ПОЛОЖБА НА ОПШТИНА МАВРОВО И РОСТУШЕ 2.КАТЕГОРИЗАЦИЈА НА ОВОЈ РЕГИОН КАКО НАЦИОНАЛЕН ПАРК 3.ГОЛЕМ БРОЈ НА ПРИРОДНИ РЕСУРСИ
СЛАБИ СТРАНИ
1.НЕДОВЛНО НАСЕЛЕНИЕ ОД 18-30 ГОДИНИН 2.НИСКА СВЕСТ  ЗА ПРИРОДНИТЕ РЕСУРСИ КАЈ НАСЕЛЕНИЕТО 3.НЕДОВОЛЕН КАДАР КОЈ РАБОТИ НА ВО ОБЛАСТА НА СОБИРАЊЕТО НА ПЛОДОВИ И ПРИРОДНИ РЕСУРСИ 4.ОТСУСТВО НА ИНСТИТУЦИОНАЛНА КОНТРОЛА 5.НЕМАЊЕ ИНТЕРЕС ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ ВО ОВОЈ РЕГИОН
МОЖНОСТИ
1.ПОТЕНЦИЈАЛНО ЕДУЦИРАЊЕ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ОБЛАСТА НА ИСКОРИСТУВАЊЕТО НА ПРИРОДНИТЕ РЕСУРСИ 2.ИСКОРИСТУВАЊЕ НА ПРИРОДНИТЕ РЕСУРСИ
ЗАКАНИ
1.ОТСУСТВО НА СТРАТЕГИЈА 2.ПОСЛЕДИЦИ ОД ГЛОБАЛНО ЗАТОПЛУВАЊЕ 3.НЕМАЊЕ НА КОНСЕНЗУС ПОМЕЃУ ПОЛИТИЧКИТЕ ЧИНИТЕЛИ ВО ОПШТИНА МАВРОВО И РОСТУШЕ 4.МОЖНА МИГРАЦИЈА НА НАСЕЛЕНИЕТО