Работилница за обука и креирање на бизнис планови во полето на Еко туризмот

Во рамките на проектот Младите за Маврово ја одржавме третата и последна работилница за обука и креирање на бизнис планови во полето на Еко туризмот. Локалните млади кои земаа учество во оваа работилница имаа можност да ги прошират своите хоризонти во насока на еко туризмот на инспиративна прошетка низ можни еко дестинации во регионот.Во текот на оваа недела младите учесници ќе добијат задача да ги претстават своите планови за развој на еко туристичка понуда и да учествуваат на отворен конкурс за нивна поддршка.Проектот е поддржан од Civica Mobilitas