На 13 и 14 Мај 2022 година во Хотел Гарденија Велес
На 13 и 14 Мај 2022 година во Хотел Гарденија Велес претставници на осум граѓански организации од целата држава учествуваа на работилница за планирање и координација на активности во организација на НВО Инфоцентарот, со поддршка на Меѓународниот центар „Улоф Палме“ поддржан од Шведската влада.
На работилницата беа разменети идеи за идни проекти, кои би се одржувале во наредниот период.
На работилницата се дискутираше за повеќе конкретни акции и настани поврзани со родови, социјални и економски прашања, кои се од интерес на граѓаните и жителите на местата од каде што доаѓаат невладините организации.
Се разговараше и за меѓусебно вмрежување, со цел подобра организација и поврзување.
НВО Инфоцентарот во соработка со партнерите и натаму продолжува активно да го поддржува и промовира граѓанскиот сектор во Република Северна Македонија.