Нво Инфоцентар во рамки на проектот ”Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво”, поддржан од Олоф Палме Целнтар, на 19 септември, во с.Ростуше, реализираше работилница со активисти на граѓанските организации Зеукс Тритон и Рекански бисер.
На работилницата младите активисти се запознаа со тајните на подготовка на добра проектна апликација, важноста прецизно и јасно да се дефинираат проблемите, целите, резултатите и секако активностите.