Концептот за екосистемски услуги може да биде корисен инструмент особено во дискусиите помеѓу донесувачите на одлуки и јавноста во случајот месното население кое е засегнато од тие одлуки а во насока на надминување на соодветни несогласувања.
На состаноците со претставниците на ЈУНП Маврово беше дискутирано за начинот на управување и заштита со ова заштитено подрачје, мерките и активностите кои се преземаат за заштита на биолошката разновидност, утврдувањето на значајните екосистеми на територијата на НП Маврово, примена на концептот на екосистемските улуги, начинот на селекција на значајните екосистемски услуги, воспоставувањето и регулирање на односите со корисниците на екосистемските услуги и други значајни теми кои се во интерес на развој на паркот и населението кое живее во границите на паркот.
Ревирската служба на националниот парк јаобразложи воспоставената контрола која секојдневно ја спроведуваат на територијата на паркот при тоа овозможуваќи целосна контрола на теренот од многубројните нелегални дејствија како: дрвократство, ловократство, рибократсто, недозволено собирање на диви видови растенија и друго.
Преку овие средби и соработката со управата на националниот парк обострано беше констатирано дека потенцијалот што го поседува ова заштитено подрачје е искористен во многу мала мера во функција на локалниот социо-економски развој. Воглавно, економијата во НП Маврово е базирана речиси исклучиво врз стопанисувањето со шумските ресурси при тоа може да се констатира дека истата е со скромни резултати на планот на локалниот развој во овој регион.
При тоа, исто така беше констатирано дека туризмот потенцијално веќе треба да преставува водечки сектор за развој на локалната економија а со самото тоа и за населението кое живее на територијата на с.Велебрдо.
Како заклучок произлезе дека и покрај тоа што постои голем капацитет и широка лепеза на екосистемски услуги на територијата на Национален парк Маврово, сепак истите не се нагласени, доволно валоризирани и не се предмет на користење од страна на локалното население а тоа значи дека концептот за екосистемски услуги на овој простор не е доволно мултиплициран и промовиран како на локаното население кое живее на овој простор така и помеѓу другите корисници на екосистемските услуги.
Ова средба придонесе за воспоставување на подобра соработка помеѓу ЈУНП Маврово како субјект задолжен за управување со ова заштитено подрачје од една страна и локалното население кое живее во границите на паркот од друга страна се со цел остварување на заедничката визија односно заштита, зачувување, унапредување и обезбедување на подобро услови за живот во Националниот парк Маврово преку процесот на одржливо користење на природните ресурси од страна на населението кое живее во границите на паркот.
Проектот „Екосистемски услуги во околината на село Велебрдо како дел од Националниот парк Маврово и јакнење на капацитетите на локалното население за значењето на екосистемските услуги„ е овозможен со финансиски средства од Министерството за животна средина и просторно планирање од Програмата за инвестирање во животната средина за 2021 година.