Денес беше одржана средба со претставници на месните заедници од долнореканскиот крај, Национален парк Маврово, Општина Маврово и Ростуше и ЈПКД Маврово во рамките на проектот “Мапирање и стратегија за расчистување на дивите депонии во долнореканскиот регион”.
На средбата беа презентирани добиените резултати од мапирањето, односно беше претставен проблемот со дивите депонии, а воедно имаше и проекција на видео материјал кој содржеше снимки од истите, како и одредени информации.
Беа дадени предлози и барања од учесниците и од наша страна кои се надеваме дека ќе придонесат за решавањето на овој проблем. Донесен е заклучок дека институциите треба поактивно да се вклучат во решавање на овој проблем и да се подигне свеста на граѓаните повеќе да не фрлаат отпадоци и активно да се вклучат во превенција од создавање на други диви депонии. Сите предлози и барања ќе бидат доставени во форма на допис до Советот на Општина Маврово и Ростуше и сите други релевантни институции.
Голема благодарност до НВО Инфоцентар Скопје за безрезервната поддршка за успешната реализација на овој проект.