Денес, 23.04.2021 во Ростуше беше организирана средба помеѓу членот на нашиот проект, Ризафер Абази и претставници на локалната невладина органицација “ЗЕУКСТРИТОН.”
На средбата се разговараше за подобрување на соработката помеѓу проектниот тим и локалните невладини организации како едни од заинтересираните страни кои треба да бидат одблиску запознаени со проектните активности
влијанието на нашиот проект во однос на зголемување на бројот на туристи во Општина Маврово и Ростуше
како и подобрување на можностите на локалната канцеларија во старата општинска зграда, која ќе биде наменета како инфо центар за туристи.