Општините и имунизацијата против КОВИД – 19
Јавните здравствени установи на локално ниво немаат капацитет да спроведат ефективни кампањи, а општинските кризни штабови комуницираат со јавноста само преку соопштенија, најчесто преку општинските интернет страници. Локалните самоуправи не се вклучени во процесот на имунизација, освен во делот на пренесување информации (некои општини) и обезбедување помош со прехранбени продукти и заштитна опрема за ранливите категории граѓани.