маврово

Граѓаните ретко одат на седниците на општинските совети, ама сакаат средби со градоначалници

Според добиените податоци граѓаните и граѓанските организации многу малку се заинтересирани да присуствуваат на седниците на советите на општините. На пример, во општините Струмица и Маврово – Ростуше на седниците на советот на општината не присуствувал ниеден граѓанин. Во Свети Николе, пак, граѓани присуствувале само на една седница за дислокација на депонија…

Противпожарна заштита со застарени возила и недоволен број пожарникари

Територијалните противпожарни единици во Куманово, Свети Николе, Велес, Струмица, Крива Паланка, Теарце, Дебар и Маврово – Ростуше имаат стар возен парк, во некои од нив и над 40 години. Скоро во секоја општина има по едно или две

Користење на социјалните мрежи за поголема видливост, влијание и мобилизација на граѓани

На обуката организирана од НВО Инфоцентар – Скопје која се одржа во Хотел Панорамика – Скопје на 2 и 3 јули учествуваше и претставник на нашето здружение. Обучувачи беа Огнен Јанески и Христијан Сион Николовски. Се планираа кампањи за младинско учество, женско претприемништво, еко-патроли, алтернативни простори за култура и уметност.

Зеукстритон стана членка на НМСМ

На пролетното генерално собрание на НМСМ кое оваа година се одржа во Крушево на 27ми и 28ми мај здружението за екологија и унапредување на културата и спортот ЗЕУКСТРИТОН стана членка на националниот младински совет на Македонија

Учество во проектот „(Локално)Младинско учество е важно„

Неколку претставници на нашето здружение беа дел од обуката спроведена од 27-31 март во Берово во рамки на проектот „(Локално)Младинско учество е важно„ кој го спроведува Центар за интеркулурен дијалог од Куманово. Главната цел на проектот е вклучување на младите и промовирање на нивно активно учество во процесите на носење одлуки и креирање политики преку …

Учество во проектот „(Локално)Младинско учество е важно„ Read More »