општини

Општините и имунизацијата против КОВИД – 19

Јавните здравствени установи на локално ниво немаат капацитет да спроведат ефективни кампањи, а општинските кризни штабови комуницираат со јавноста само преку соопштенија, најчесто преку општинските интернет страници. Локалните самоуправи не се вклучени во процесот на имунизација, освен во делот на пренесување информации (некои општини) и обезбедување помош со прехранбени продукти и заштитна опрема за ранливите категории граѓани.

Општините и легализацијата на дивоградбите

Многу нерешени предмети, главно заради некомплетна документација На 29 јули 2021, Собранието на Република Северна Македонија го продолжи рокот на постојниот Закон заутврдување правен статус на бесправно изградените објекти за уште пет години, откако новиот предлог-закон за легализација на дивоградбите беше повлечен под притисок на стручната јавност и непотпишувањето на указот од страна на претседателот.

Општините, Локалните избори 2021 и родовата рамноправност

На Локалните избори 2021, немаше ниту една кандидатка за градоначалничка на општините Велес, Крива Паланка, Свети Николе и Неготино. Жените не беа доволно застапени на кандидатските и советничките листи во овие општини, а нивното отсуство најмногу се забележуваше на добитните позиции. Носителки на советнички листи имаше на само четири листи и тоа, на две во Неготино (ВМРО ДПМНЕ и Единствена Македонија), на една во Крива Паланка (СДСМ) и на една во Свети Николе (ЛДП-ДОМ)…