Граѓаните ретко одат на седниците на општинските совети, ама сакаат средби со градоначалници

Според добиените податоци граѓаните и граѓанските организации многу малку се заинтересирани да присуствуваат на седниците на советите на општините. На пример, во општините Струмица и Маврово – Ростуше на седниците на советот на општината не присуствувал ниеден граѓанин. Во Свети Николе, пак, граѓани присуствувале само на една седница за дислокација на депонија…