Општините, Локалните избори 2021 и родовата рамноправност
На Локалните избори 2021, немаше ниту една кандидатка за градоначалничка на општините Велес, Крива Паланка, Свети Николе и Неготино. Жените не беа доволно застапени на кандидатските и советничките листи во овие општини, а нивното отсуство најмногу се забележуваше на добитните позиции. Носителки на советнички листи имаше на само четири листи и тоа, на две во Неготино (ВМРО ДПМНЕ и Единствена Македонија), на една во Крива Паланка (СДСМ) и на една во Свети Николе (ЛДП-ДОМ)…