Теренска активност

Во рамки на проектот „Екосистемски услуги во околината на село Велебрдо како дел од Националниот парк Маврово и јакнење на капацитетите на локалното население за значењето на екосистемските услуги„ се организира теренска активност во делот на село Велебрдо каде процесот на идентификација и селекција на значајните екосистемски услуги во истражуваното подрачје се спроведе на транспарентен начин преку вклучување на претставници од различни засегнати страни како месното население, институциите задолжени за зачувувањето на екосистемските услуги, локални здруженија и други.

Познавањето на состојбата на екосистемите е неопходен предуслов за подобро планирање и споредување на проценката на екосистемските услуги. Значењето на екосистемските услуги во предметното подрачје беше обработено според методологијата на достапност на постоечките податоци, утврдување на типовите на живеалиштата и утврдување на типовите на екосистеми и нивната состојба.

Преку заедничка соработка со засегнатите страни на територијата на истражуваното подрачје беа селектирани неколку значајни категории на екосистемски услуги кои се обезбедуваат од подрачјето од интерес, за кои е постигната усогласеност од засегнатите страни дека истите се цел од интерес на локалното население.

Проектот „Екосистемски услуги во околината на село Велебрдо како дел од Националниот парк Маврово и јакнење на капацитетите на локалното население за значењето на екосистемските услуги„ е овозможен со финансиски средства од Министерството за животна средина и просторно планирање од Програмата за инвестирање во животната средина за 2021 година.