Учество во проектот – “Artivator”

Здружението Зеукс Тритон во наредниот период односно во текот на 2022 година ќе биде дел од проектот  „Artivator – Уметност и креативност за активни граѓани и заедници“ , на центарот за Современи уметности.

Проектот се базира на нови креативни методологии, комуникациски  тактики и вештини базирани на уметничкиот активизам и двајца членови на нашето здружение ќе се здобијат со основни познавања и вештини за креативен активизам и активистичко делување со цел мобилизирање на граѓаните за проблемите кои ги мачат.

Во рамките на програмската линија за стекнување нови вештини и знаења  членовите на нашето здружение ќе развијат вештини и ќе стекнат нови занења од темите:  Развој и  однесување на публиките (audience development), Раскажување приказни (story telling),  Уметнички активизам (по методологија на Центарот за Креативен активизам од Њујорк, САД во соработка со македонскиот тим за Креативен активизам МЦАТ), Развој на лидерски вештини и градење тимови (методологија на Симбиотика)  и Форум театар.

Истовремено во соработка со центарот за современи уметности е планирана и имплементација на различни други содржини во нашиот регион.

Проектот „Artivator – Уметност и креативност за активни граѓани и заедници“ , го имлементира Центарот за Современи уметности со финансиска поддршка на Фондацијата отворено општество Македонија.