Здружението за екологија и унапредување на културата и спортот се пријави на јавниот повик за правна и менторска поддршка на еколошките организации и активно добива помош за сите потребни правни работи.
Целта на Програмата е зголемување и зајакнување на капацитетите на еколошките организации, нивно ефикасно вклучување во процесите за донесување одлуки на локално или централно ниво од областа на животната средина, зголемено влијание врз политиките од областа на животната средина на централно или локално ниво и активно преземање активности и мерки за ефикасна заштита на животната средина.
Во рамки на проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“ кој Македонското здружение на млади правници го спроведува во партнерство со Еко свест и ЦНВП Македонија.