Денес во близина на плоштадот Скендер Бег во Дебар се спроведе уметничката акција “Допри ме” од млади активисти на Зеукстритон со поддршка од Центарот за современи уметности од Скопје. Акцијата беше посветена за поддршка на малата Ембла од Гостивар чие што отфрлање од средината, пред очите на јавноста, уште еднаш не потсети на нетолерантноста на сите нас кон се она што е различно.
Овој случај мора да не потсети и на стотиците други деца и возрасни кои секојдневно се соочуват со вакви и слични ситуации за кои јавноста не е запознаена.
Активистите на своите тела носеа натписи “И ЈАС ИМАМ ДАУНОВ СИНДРОМ, ТЕ МОЛАМ ДОПРИ МЕ”
Се надеваме дека на ваков начин остваруваме директен контакт со граѓаните и ќе ја сензибилираме јавноста за овој проблем, барем малку придонесувајќи кон зголемување на толеранцијата кон различните.
На денешната акција спроведена во Дебар, во времетраење од неколку часа резултатите се поразителни, од околу 350 минувачи кои поминаа во непосредна близина на активистите само 9 луѓе остварија контакт односно ги допреа активистите.