Кусото видео посветено на Културното наследство на Маврово и Река има за цел да го промовира богатото културно наследство на овој регион но уште повеќе да потсети на негрижата за најголем број културни знаменитости во овој крај. Спојот на човековиот труд, имагинација и градителски вештини и уникатната природа на Националниот Парк Маврово резултура со уникатни амбиентално пејзажни вредности кои иако се со светско реноме и се претставуаваат еден вид лична карта и бренд на Македонија и се не изоставен дел од промотивните туристички материјали за нашата земја се оставени на милост и немилост на времето и прашање е до кога ќе одолеваат на забот на времето. Во видеото се сместени кратки приказни за потопената црква св. Никола во Маврово која е пред уривање, мостот Елен Скок на Гарска река кој исто така е во очајна состојба, археолошкото наоѓалиште и црквата во месноста Борче, споменичната целина на Чемерски и Ранѓеловиќ во ски центарот Маврово, старата болница и старата џамија во Ростуше, првата партизанска печатница во селото Битуше и други занимливи содржини. Видеото е работено во продукција на Центарот за современи уметности и ЗЕУКСТРИТОН со финансиска поддршка на Фондацијата отворено општество и Министерството за Култура на РСМ.
Линк од видеото: https://www.facebook.com/ZEUKSTRITON/videos/414077412942372