Со симболиката на џуџето од култниот филм „Чудесната судбина на Амели Пулен“, вреќа со ѓубре беше во центарот на креативната акција на група активисти со која посочуваат на проблемот со складирање на ѓубрето со кој се соочува Македонија. Приказната на вреќата почнува во Маврово, гаде вреќа со ѓубре нема каде да се вдоми.
„Едно време, ѓубрето во Маврово и Река остана без депонија и почна да се натрупува. Чекајќи некој да ги вдоми, вреќите се намножуваа, се стискаа и си тежеа една на друга.
Неможејќи веќе да се турка со другите, еден ден една вреќа реши да си ја проба среќата и да побара нов дом. Им напиша проштално писмо на своите, се збогува со езерото и со планината, и си појде по патот. Патуваше долго, застануваше секаде, трагаше… Со себе носеше порака со поздрав од своите земјаци, и молба некој да ја вдоми. На крајот, за среќа, наиде на група намерници, кои беа тргнале да го исчистат ѓубрето околу својот град, симболично праќајќи порака ,исчистете ја корупцијата’. Зашто, ако никој не го собере, сметот, на крајот, сите ќе нè задуши“.
Приказната завршува во Виница. Ѓубрето го наоѓаат група активисти што ја чистат околината и ја вдомуваат вреќата.