Здружението за екологија и унапредување на културата и спортот Зеукс Тритон со поддршка од НВО Инфоцентар – Скопје дови нова интернет страница. На овој начин здружението ќе ја подобри својата видливост, транспарентност и влијанието во јавноста и меѓу граѓаните.
Подготовката и унапредувањето на интернет-страната е процес во кој директно учествуваа активисти од нашата организација, под менторство на НВО Инфоцентарот. Новата интернет страница нуди полесен полесен пристап до информации за работата и целите на здружението и исто така воведени се нови елементи како давање на идеи од страна на посетителите на оваа страна и електронско зачленување во здружението.
Поддршката за оваа интернет страница е во рамките на проектот „Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“, поддржан од меѓународниот центар „Улоф Палме“ од Шведска, со цел да им овозможи на локалните организации да ја подобрат својата видливост и влијание меѓу граѓаните, во општините и во јавноста во целина.