Неколку претставници на нашето здружение беа дел од обуката спроведена од 27-31 март во Берово во рамки на проектот „(Локално)Младинско учество е важно„ кој го спроведува Центар за интеркулурен дијалог од Куманово.
Главната цел на проектот е вклучување на младите и промовирање на нивно активно учество во процесите на носење одлуки и креирање политики преку процеси на застапување и граѓански активизам поврзан со сферите на социјална кохезија, човекови права, мултикултуризам и демократија на локално ниво. Воедно, во рамките на овој проект ќе се работи на воспоставување на Младински центри во осум мултиетнички општини (Липково, Куманово, Скопје-Чаир, Теарце, Тетово, Гостивар, Маврово и Ростуше и Струга) преку блиско партнерство со локалните власти (градоначалници и совети) и подмладоци на политички партии.
На обуката имаше 31 учесник од 8 различни општини од нашата земја каде ги подобрија своите знаења на темите за мултикултуризам, човекови права, волонтерство, младински активизам, двојазичен пристап итн.
Овој проект е поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во РСМ.