Активности

Забава во Домот на културата!

По повод две години од основањето на нашето здружение, на ден 07.12.2019 година (сабота) беше организирана забава за млади во Домот на културата во с. Ростуше. Настанот започна во 21 часот, присутни беа учениците од СОУ „Маврово-Ростуше“, а подоцна се придружија и останатите млади од регионот.

Забава во Домот на културата! Read More »

Мапирани дивите депонии во Маврово и Ростуше

Здружението Зеукс Тритон, со поддршка од  НВО Инфоцентарот преку проектот „Активни граѓани за партиципативна локална демократија“, спроведе мапирање на дивите депонии во Долнореканскиот крај, дел од Националниот парк Маврово. Во само 11 села во општината Маврово и Ростуше, со помош на локалното население,беа лоцирани 42 диви депонии. Акцијата ја поддржа и  Јавното претпријатие Национален парк

Мапирани дивите депонии во Маврово и Ростуше Read More »

Средба со претставниците на месните заедници и надлежните

Денес беше одржана средба со претставници на месните заедници од долнореканскиот крај, Национален парк Маврово, Општина Маврово и Ростуше и ЈПКД Маврово во рамките на проектот “Мапирање и стратегија за расчистување на дивите депонии во долнореканскиот регион”. На средбата беа презентирани добиените резултати од мапирањето, односно беше претставен проблемот со дивите депонии, а воедно имаше

Средба со претставниците на месните заедници и надлежните Read More »

Обука за поголема видливост и успешни европски проекти

НВО Инфоцентарот, на 26 и 27 октомври 2019, во Велес организира дводневна обука за поголема видливост и успешни европски проекти. Дваесетина граѓански активисти од десет граѓански организации од Крива Паланка, Теарце, Ростуше, Неготино и Кавадарци (Спектар, Цик-Цак, Норгес Вел, ЦЕД, Скаут, ЗЕУКС Тритон, Рекански бисер, СПО КУЛ, Еко Живот и Проект ЕУ), ќе се запознаат

Обука за поголема видливост и успешни европски проекти Read More »

Меморандум за соработка со Национален парк Маврово

На 08.10.2019 година претседателот на Здружението за екологија и унапредување на културата и спортот – ЗЕУКСТРИТОН, Кемил Исметовиќ потпиша меморандум за соработка со директорот на Национален парк Маврово, г-дин Самир Ајдини. Целта на меморандумот за соработка е зајакнување на меѓусебната соработка во сферите на екологијата и туризмот.

Меморандум за соработка со Национален парк Маврово Read More »